Почетна Убавина и здравјеВе молам не објавувајте фотографии од повредените, тоа може да влијае на нивниот процес на закрепнување – Убавина и здравје

Ве молам не објавувајте фотографии од повредените, тоа може да влијае на нивниот процес на закрепнување – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари, упати апел до медиумите да не објавуваат фотогрaфии ниту било какви видеа од повредените во нивните најранливи моменти.

„Во овие тешки моменти, наш најголем приоритет е грижата за повредените и поддршката за нивните семејства. Длабоко ја цениме вашата посветеност во информирањето на јавноста и ви благодариме за покажаната одговорност.  Сепак, во духот на емпатијата и етичките стандарди, ве молам за почитување на приватноста и достоинството на жртвите. Објавувањето снимки и фотографии од повредените во нивните најранливи моменти може да предизвика дополнителна болка, не само за нив, туку и за нивните семејства, и да влијае на нивниот процес на закрепнување“, напиша Таравари.

Тој упати искрен апел за одговорно известување, кое, како што рече, ќе стави акцент на поддршката и помошта за оние на кои им е најпотребна.