Почетна ЕкономијаДополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар

Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар

од nenad
1 минути читај за

Владата соопшти дека се обезбедени дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар.

 Одлуката е донесена по разговорите и средбите со оризопроизводителите. -Земјоделците конечно добија партнер во Владата.

Се донесе одлука за дополнителна поддршка на оризопроизводителите по 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и субвенции од 18 000 денари од хектар.

Се обврзавме дека ќе го вратиме достоинството на земјоделците, ќе бидеме нивен партнер и ќе ги слуша нивните барања ќе ги и решава нивните проблеми.

Денес, по седум години деградирање и срушена доверба, земјоделците конечно го добиваат она што го заслужуваат, наведува владината прес-служба.

Според Владата, изминатите седум години наместо на нивите да произведуваат, земјоделците беа на улиците и протестираа поради негрижата и незаинтересираноста од страна на претходната власт на СДСМ и ДУИ.

-Денеска таа грда слика и состојба во македонското земјоделство се менува.

Владата покрај низа на мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците.

Владата е земјоделска, ја разбира маката на земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд, стои во соопштението. мч/са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА