Никол Кидман открила како изгледало снимањето филм со Том Круз и што ѝ паднало најтешко
Никол Кидман и Том Круз беа една од омилените двојки на јавната сцена – се венчале во 1990 година на Божиќ, а се развеле во 2001 година. Никогаш не зборувале за вистинските причини за разделбата, иако се шпекулирало дека таа не сакала да се разделат. Веќе 24 години не се заедно, а нивниот развод сè уште претставува мистерија.
Додека биле во брак, дошло до интересен момент кога требале да снимаат интимен однос во една сцена. Имено, Никол работела на еротски трилер за којшто морала да додаде клаузула во својот договор за снимање сцена со интимен однос.
Станува збор за еротскиот трилер „Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut), чија продукција го срушила Гинисовиот светски рекорд за најдолго снимање филм без прекин. Снимањето траело повеќе од 15 месеца, а режисерот Стенли Кјубрик, кој бил познат по својот перфекционизам и го оддолжувал снимањето, изјавил дека снимањето траело толку долго што децата на Круз и Кидман развиле британски акцент на местото каде што снимале.
Поврзани објави
Во филмот, Никол и Том играат маж и жена. Никол Кидман имала многу специфична клаузула во договорот поврзана со соблекувањето во еротскиот трилер:
„Кога отидов да работам со Стенли Кјубрик, тој ми кажа: ‘Сакам голотија, и тоа од предна страна’, а јас му кажав: ‘Ах, не знам’. Така дојдовме до одлична спогодба. Тој ми ги покажуваше сцените со голотија пред да влезат во филмот. Така се чувствував потполно безбедно. Сакав да се уверам дека нема да стојам гола додека сите ми се смеат. Бев заштитена“, рекла Никол Кидман во една пригода.
Инаку, актерката неодамна привлече големо внимание откако сними интимна сцена со 27 години помлад колега. Во едно интервју Никол признала дека снимањето сцени со Харис и со Антонио Бандерас ѝ дошло премногу.
„Беше потребна огромна доверба…. Ќе се погледневме и ќе си кажевме: ‘во ред’. Имаше моменти кога си помислував дека не можам веќе да доживувам оргазам. Тоа беше речиси како согорување.“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @nicolekidman