119
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе биде во Киев денеска и утре каде ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ова е трето патување на Гутереш за Украина од почетокот на руската инвазија во земјата пред една година. Генералниот секретар ќе разговара со Зеленски за продолжување на договорот за извоз на украински житарки. Претходно, Гутереш пристигнал во Полска, од каде продолжил патот за Киев.