Познатиот титан му го одобри трицепсот
Давид Мука, актер и музичар, веќе некое време живее во Лос Анџелес, Калифорнија каде што неуморно работи на својата актерска кариера.
На социјалните мрежи редовно споделува информации за неговите тековни проекти, а сега објави и фотографија со познатиот шведски актер Долф Лундгрен!
Долф Лундгрен, актер и мајстор во боречки вештини, стекна светска слава благодарение на улогата на Иван Драго во „Роки 4“, каде што се бореше со легендарниот Силвестер Сталоне, а пред тоа беше препознатлив и по необичната врска со музичарката Грејс Џонс.
Оттогаш, тој е во центарот на вниманието поради акционите филмови, бурниот љубовен живот, а од пред неколку години и поради борбата со карцином.
Сега, нашиот Давид Мука имаше можност одблизу да се запознае со некогашниот противник на Роки Балбоа.
Поврзани објави
Во својата објава на Инстаграм тој сподели дека актерот „му го одобрил трицепсот“, по што и му се потпишал на него.
„Каква чест! Голем титан и инспирација!“, пишува во објавата.
ФОТО: ИНСТАГРАМ