Познатиот онлајн-тренер во Македонија Ана Стојанова, која на Инстаграм ја следат повеќе од 100.000 следбеници, го сподели својот рецепт за плескавици од мисиркино месо.
Добар старт, силна желба, сомнителна реализација“, стои во описот на видеото кое Ана го објави на Инстаграм, а во кое покажува како изгледа приготвувањето на нискокалорични а високопротеински плескавици.
Можеби нашата cover girl, која го красеше роденденскиот број на „Убавина и здравје“ во мај годинава, не е многу задоволна од формата на плескавиците, но како што самата посочува во видеото, тие можат да се приготват и без специјалниот калап, на пример, во форма на американски палачинки.
Поврзани објави
Инаку, Ана не беше себична да сподели со својата армија и што јаде кога копнее по слатко – чинија гриз со протеинско млеко, стевија како засладувач и сируп од ванила со нула калории за поубава арома.
Значи, ако сакате да се храните здраво и вкусно, „препишувајте“ од Ана Стојанова!
Текст: Б. Стојменовиќ
Фото и видео: Убавина и здравје, Инстаграм