Почетна Убавина и здравјеДНК, Мишел Трајковски и Бока Конга, слушнете ја “Чаршија” (ВИДЕО) – Убавина и здравје

ДНК, Мишел Трајковски и Бока Конга, слушнете ја “Чаршија” (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов “Чаршија”, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.

Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните “Ако утре ме нема” и “Животе брате”, звук кој по се изгледа и се допаѓа на публиката.

Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и “мајсторот” за конги, популарниот Бока Конга.

“Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така” – накусо изјавија момците од ДНК.


Поврзани објави

Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…

Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.

Уживајте во “Чаршија”, а за многу брзо очекувајте повторно нешто ново од “кујната” на ДНК и Лазар Цветковски.