Почетна ЕкономијаДиректорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката

од nenad
0 минути читај за

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со доброволни пожарникари за засилување и подобрување на оперативна координација со ДЗС во пресрет на сезоната на пожари на отворен простор, соопштија попладнево од ДЗС.

– Работната средба, покрај засилувањето на соработката, опфати и повеќе други поврзани теми, меѓу нив и за конкретизирање и дополнување делови од законите за пожарникарство и за здруженија, согласно потребите и практиките за ангажирање на доброволните противпожарни друштва, пишува во соопштението на ДЗС. бд/дма/

Фото: Дирекција за заштита и спасување