Почетна Вести Димитриеска Кочоска: Високата инфлација во Македонија е поради тоа што власта во континуитет влече погрешни одлуки

Димитриеска Кочоска: Високата инфлација во Македонија е поради тоа што власта во континуитет влече погрешни одлуки

од nenad
3 минути читај за
„За законот за не фер трговски практики зборувавме на почетокот на годината токму јас и Крешник Бектеши и уште тогаш зборував дека тоа е една од причините поради кои имаме повисока инфлација од таа која можеби би требало да ја имаме меѓутоа во тој период сите го зборуваа истото. Тоа беше почеток на година, сега месец септември сме а многу доцниме со се“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното гостување во емисијата „Вин Вин“ на Телевизија Телма

Таа додаде дека тоа веќе во Хрватска е воведено, во Србија исто и тоа не е нешто ново во Европа туку го има од пред неколку години, а ние доцниме.

   

„Еве еден пример како ние доцниме со се, кај нас инфлацијата се случува токму како резултат на тоа што ние во континуитет влечеме проблеми од некои или погрешни одлуки од некој минат период.
Кога зборуваме ние за инфлацијата во Македонија, не зборуваме само откако се случи војната во Украина, туку ние за инфлација зборувавме во месец мај 2021 година. Во Македонија веќе првите инфлациски промени се случуваа уште во тој период, односно од покачувањето на струјата 2020-та година негде тоа беше во Август, од Септември, Октомври почнува по малку за да од Мај 2021-ва година и натака веќе да се случува поинтензивно“, истакна Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека не е само овој закон причината зошто имаме повисока инфлација, туку има многу причини.

„Уште 2019-та година Владата донесе еден закон за минималната плата, ја зголемуваме минималната плата со одлуки на Влада, а продуктивност немаме. Светска банка во своите извештаи во континуитет зборува за продуктивноста, кога вие немате продуктивност, а имате раст на плати тоа мора некаде да се префрли, газдата не може да произведува и да продава помалку, а ваму трошоците да му растат. Ги прелева во финалната цена и ние плаќаме поскапи производи и тоа беше првиот момент“, потенцираше Димитриеска Кочоска.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING