Почетна ЕкономијаДејвид Гета воодушевен од Скопје и сподели видео: „50.000 луѓе на стадион – тотално лудо!“

Дејвид Гета воодушевен од Скопје и сподели видео: „50.000 луѓе на стадион – тотално лудо!“

од nenad
1 минути читај за

Светската диџеј и музичка ѕвезда Дејвид Гета ги сподели своите впечатоци по спектакуларниот настап во Скопје, одржан по повод Денот на независноста на Македонија.

По концертот, Гета објави видео на својот профил на Инстаграм, во кое се пренесува дел од атмосферата од големиот музички настан и призна дека не очекувал ваков одзив од македонската публика.

„Да не ти се верува. Убав, фин вторник, со неколку пријатели, а ваму 50.000 публика!“, вели Гета во видеото.

Тој открива дека пред да пристигне во Македонија не знаел што да очекува, но она што го доживеал во Скопје, според него, било целосно неочекувано.

„Да ви кажам право, кога доаѓав во Македонија не знаев што да очекувам. Но, ова е лудо – 50.000 луѓе на концерт на стадион! Тотално лудо! Ни за момент не помислував дека толку убаво ќе си поминам во Скопје“, порача светски познатиот музичар.

Видеото го прикажува расположението на илјадниците посетители кои пееја, играа и уживаа во настапот на Гета.

На крајот, тој упати и кратка, но јасна порака до македонската публика:

„Благодарам, Македонија!“

Концертот во Скопје се претвори во голем музички спектакл, а според реакцијата на Гета, впечатокот од македонската публика очигледно ќе остане запаметен и кај него.