Музичката ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ не крие дека улогата на тетка ѝ е една од најдрагоцените во животот. Таа со посебна гордост зборува за децата на својот брат Вељко и неговата сопруга Богдана – три момчиња кои, според неа, имаат нешто што таа и нејзиниот брат никогаш не го почувствувале: полно и стабилно семејство.
Во интервју дадено пред пет години, во периодот кога Богдана очекуваше дете, Анастасија откри дека ќе се труди да биде посветена тетка – како што тоа за неа и Вељко била нивната тетка Лидија Оцоколиќ, сестрата на нивната мајка, пејачката Цеца.
Поврзани објави
Ќе се потрудам да бидам барем еден процент од она што тета Лидија беше за нас. Таа ни беше како втора мајка. Целиот живот ни го посвети нам и тешко дека некој може да ја достигне таа висина. Не можам да се споредувам со неа, но барем среќна сум што овие деца ќе растат со двата родитела – нешто што Вељко и јас, за жал, не го доживеавме“, изјави Анастација за „PulsOnline.rs“.
Оваа нејзина изјава открива длабока болка од минатото, но и голема надеж за иднината на новата генерација во семејството Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм