Почетна ЕкономијаДЕСПОТОВСКИ ИМА РЕШЕНИЕ ВО 2 ПОТЕГА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ФИНКИ Бирото да се всели во старите канцеларии на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ИМА РЕШЕНИЕ ВО 2 ПОТЕГА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ФИНКИ Бирото да се всели во старите канцеларии на ТИРЗ

од nenad
1 минути читај за

Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата.

   

– Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред сѐ, Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување.

За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место – изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ.ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи порака дека останува на барањето да се всели во просториите на Бирото за развој на образованието.