Музичката ѕвезда Маја Шупут оваа недела ја поминува со сопругот Ненад и нивниот син на годишен одмор далеку од Хрватска. Тие прво полетале за Истанбул, а потоа се качиле на 19-часовен лет за Сиднеј. По неколку дена тричленото семејство ја сменило дестинацијата, се качиле во друг авион и дошле на Фиџи.
„Две позиции денес… плажа – базен – плажа – базен… и така цел ден“, порача Маја Шупут која заедно со семејството ’избега’ од ниските температури далеку од Хрватска.
Пејачката веќе некое време ужива во својот годишен одмор, а со следбениците на социјалните мрежи редовно споделува од атмосферата.
Овој пат таа позираше во бело, едноделно бикини, кое е украсено со два цветни детали сместени на градите. Таа позираше на песочна плажа, опкружена со палми.
Изгледа дека пејачката навистина ужива во престојот во тропската област, а многу обожаватели ја опсипуваа со комплименти.
„Кралице, уживај, заслужуваш“, „Убава си“, „Земи ме и мене“, напишаа во коментарите.
Фото: Инстаграм Принтскрин