Почетна Убавина и здравјеБила силувана на 13 години, па завршила на психијатрија – Убавина и здравје

Била силувана на 13 години, па завршила на психијатрија – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Актерката Аманда Бајнс направила нов обид да се врати на јавната сцена, но овој пат никој не може да ја препознае

Аманда Бајнс некогаш важеше за надежна актерка во Холивуд, талентирана девојка на која ѝ се предвидуваше голем успех. Но психичките болести ја победиле, па денес таа не личи на себе.

Новите фотографии ја прикажуваат некогашната актерка во комплетно променето издание.

Уништена коса, тетоважа на лицето, вишок килограми – така изгледа Аманда Бајнс денес, која неколку пати била уапсена поради клептоманија.

Сега, тешко е да се поверува дека оваа млада жена некогаш била толку популарна. Аманда имала само 7 години кога влегла во светот на шоу-бизнисот. Таа била девојче со големи очекувања, која на 13 години веќе имала сопствена ТВ-емисија The Amanda Show. Активно играла во филмови, креирала своја линија на облека и имала илјадници обожаватели.

Но зад оваа навидум просперитетна слика се криела сурова реалност. Девојката признала дека по снимањето на филмот „Таа е маж“ во 2006 година, долго не можела да излезе од депресија.

Аманда имала само 13 години кога морала да абортира, а тоа го пријавила 10 години по инцидентот. Според нејзините зборови, таа забременила од Ден Шнајдер. Но кога била поканета да ја раскаже својата приказна во документарецот „Тишина на сетот“, актерката одбила. Сè уште не се знае дали сето тоа навистина се случило или не.


Поврзани објави

На 16 години, Аманда Бајнс почнала да користи дрога. На почеток никој не забележал дека има проблеми, сите ја сметале за „добра девојка“. Но тоа не можело да трае засекогаш. Во 2010 години, почнало да се шпекулира за нејзините зависности.

Нејзиниот живот брзо тргнал наопаку. Во 2010 година, Аманда објавила дека ја напушта филмската индустрија. Нејзиното име не престанало да се појавува во новинарските наслови, но сега во не толку добро светло. Во 2012 година, девојката ги имала првите проблеми со законот. Аманда неколку пати предизвикала сообраќајни несреќи, поради што ја изгубила возачката дозвола и добила условна казна од 3 години. Тоа не ја спречило да продолжи да вози, а еднаш дури и удрила човек.

Се однесувала непримерно: лошо зборувала за популарни пејачи, го навредувала Барак Обама и неговата сопруга Мишел, а еднаш се обидела да ја запали куќата на своите соседи. Поради своето лошо однесување, холивудската актерка повеќепати завршила на психијатриски клиники и центри за рехабилитација. Потоа, исчезнала од очите на јавноста неколку години.

Се вратила дури четири години подоцна, во 2018 година. Во 2022 година била ослободена од старателството на родителите, иако тие биле против тоа и изјавиле дека нивната ќерка не е сосема здрава.

Во 2023 година, повторно се дознало дека Аманда била примена на психијатриска клиника, бидејќи одела гола по улици.

Сега, се чини дека животот на оваа девојка конечно почнува да се подобрува. Во 2024 година, Аманда се обидела да стекне диплома за уметност на нокти, а пред неколку недели имала своја уметничка изложба.

ФОТО: Инстаграм