14
Од минатата недела и вработените во Државното правобранителство се во штрајк, а причината е иста – колективен договор и 30 отсто додаток на плата. Вработени во најмалку четири министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив денес протестираат бидејќи се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои ќе им следува 30 отсто додаток на плата.