Почетна ЕкономијаДеветти пат од војната, нуклеарката Запорожје е без струја и користи дизел генератори

Деветти пат од војната, нуклеарката Запорожје е без струја и користи дизел генератори

од nenad
1 минути читај за

Сите екстерни електропроводници кои ја снабдуваат со електрична енергија украинската нуклеарна централа Запорожје се исклучени, информираше денес Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Украинската нуклеарна централа во Запорожје целосно остана без надворешно електрично напојување денеска во 17:36 часот. Ова е деветти пат од почетокот на воениот конфликт и првпат од крајот на 2023 година“, објави МААЕ на платформата Икс (поранешен Твитер).

Електраната, која е лоцирана на територија под руска контрола, моментално се потпира на дизел-агрегати за да ги задржи потребните температури за реакторите, извести агенцијата.

Иако ниту еден од шесте реактори не е во функција, на централата и е неопходна електрична енергија за системите за разладување, кои се есенцијални за запазување на безбедноста.

МААЕ не ја објавува причината за прекинот на струјата, но состојбата се смета за крајно опасна, имајќи предвид дека и претходните прекини на електрична енергија предизвикуваа голема загриженост кај нуклеарните експерти и светската јавност.