Почетна Убавина и здравјеДвата клучни костими за капење на Жизел Бундшен, витата става или лагуните на Бразил?! – Убавина и здравје

Двата клучни костими за капење на Жизел Бундшен, витата става или лагуните на Бразил?! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Супермоделката Жизел Бундшен отишла на одмор во Бразил и ја споделила својата авантура од која ќе ви застане здивот

Познатата манекенка Жизел Бундшен им дала на обожавателите увид во своето најново патување од соништата во Бразил, како и во боите на костимите за капење од кои никако не се откажува.

Бразилската супермоделка (44) споделила низа импресивни фотографии од своето неодамнешно патување во националниот парк Ленсоис Маранхенсес во Бразил – парк кој е преполн со сликовити песочни дини и слатководни лагуни од кои застанува здивот.

Всушност, не се знае што повеќе го одзема го здивот: совршените костими за капење, витата става или дините и природните базени?!

„Отсекогаш сум сонувала да го посетам Ленсоис Маранхенсес“, напишала Бундшен на Инстаграм во неделата.

„Бразил е толку убав!“, истакнала манекенката во својата објава на Инстаграм.

Покрај овој натпис, Бундшен прикажала неколку видеозаписи и фотографии од својата посета на паркот, почнувајќи со фотографија од себеси како се сонча во црн едноделен костим за капење додека лежи на песочна дина.

Поврзани објави

Потоа, следува колаж од прекрасни фотографии кои вклучуваат песочни дини, лагуни, јавање коњи, возење на квад, игра со деца и слично.

Покрај тоа што покажала што јадела за време на посетата на националниот парк, Бундшен објавила и фотографија на која позира со ќерка ѝ, додека гледа во прекрасната сина вода. Супермоделката, исто така, споделила неколку вечерни фотографии со поглед на зајдисонцето и слика од себе во црвено бикини додека ужива во забавата на сонце и вода.

Црвеното бикини и црниот едноделен костим за капење се вистински безвременски хитови кога станува збор за облеката на плажа или базен, со кои не можете да згрешите кога и да ги одберете.

На веб-сајтот за национални паркови се наведува дека бразилскиот Ленсоис Маранхенсес е најголемото поле на песочни дини во Јужна Америка, со полиња што заземаат околу две третини од паркот и каде што има дини високи и по 20 метра.

„Паркот е одлично место за посетителите да излезат надвор и да искусат поинаков уникатен аспект од светот на природата. Набљудувањето на птиците е во фокусот, а проследено е со активности на отворено како јавање и возење кануа“, пишува на сајтот.