Почетна Убавина и здравјеДа си најде човек, кој ќе ја почитува, иако таа немаше сметка во банката, ниту пак брендирана гардероба…

Да си најде човек, кој ќе ја почитува, иако таа немаше сметка во банката, ниту пак брендирана гардероба…

од nenad
2 минути читај за

Еден ден во јули
Ја здогледа својата другарка која оддалеку и мафна со раката, а потоа се приближуваше кон неа.
Таа ги замоли колегите да ја заменат за миг, бидејќи очигледно беше дека другарка и’ сакаше да разговара со неа.
Ја слушаше додека набрзина зборува…
Не ни одеше во врската! – како рафал одекнаа зборовите.
Зошто ма ? – ја праша. Баш бевте супер пар, како чоколатца.
Па што знам, едноставно, не знаеше да биде забавен, да ме расположи, да биде иновативен …Некако отупе..
Другарката молчеше.Пред неа се редеа слики.Од патувањата, од подароците. Се некакви кутивчиња во кои се криеше страста и љубовта на еден млад човек, посветен целосно на една девојка.
Таа често си замислуваше…
Да си најде човек, кој ќе ја почитува, иако таа немаше сметка во банката, ниту пак брендирана гардероба.
Но тоа беа желби и далечни сни.Реалноста ја носеше секојдневно на шанкот во градскиот трговски, каде продаваше храна. Со капа на главата, без шминка, испотена, ситни капки пот се слеваа по лицето, на кое секогаш блескаше насмевка. Таа насмевка знаеше да го скрие уморот.
А другарка и?!…
Таа ги шеташе бутиците со ред, пазаруваше најскапа облека, одеше на козметичар. Секаде заедно со него. Момчето ја сакаше и секогаш беше со неа.
Сега таа размислуваше?!
Каде згреши момчето ?…Што направи ?..Дали не ја сакаше доволно, што земаше кредити од банките за да ја исполни секоја нејзина желба. Се заради девојката по која го загуби разумот. Таа му се врежа во мислите и срцето…Ја сакаше и’ и се восхитуваше. По краткиот разговор другарка и’ си замина, а таа се врати на работното место.
Продолжи да работи, иако денот беше пеколно жешко.
Минуваа денови, месеци, но нивното пријателство избледуваше..Како слика фрлена на земја.
Не знаеше колку време измина од нивниот последен разговор.
Се оддалечија…Тивко, полека, девојчето се повлекуваше. Веќе не се пронаоѓаше во светот на својата другарка.
Еден ден, сосема случајно, низ сликите на социјалните мрежи ја здогледа..
Да! ..Беше таа..Истата како што ја остави пред неколку месеци. Со истиот ладен поглед и без израз, без насмевка, таква каква што беше одсекогаш. Беше во прегратка на еден млад човек.
Но, тој не беше истиот. На сликите стоеше натпис…Среќна…Тенерифе..
Но дали беше навистина среќа или само миг овековечен во кадар ?

Автор: Оливера Ширговска