Почна 5. панел дискусија на А1 МакедонијаДали дојде времето во кое една идеја станува реалност? Тие ќе ни дадат ветер во грбот да се осмелиме да тргнеме по поинаков пат кон успехот. Слушнете ги жените на раководни позиции: како се почна, што беше најголемиот мотив, а што пречка до позицијата каде што се тие денес – жени лидерки! Дали и колку рабоитодавците активно поддржуваат програми за родова еднаквост и женско лидерство?„Да ги подигнеме едрата на женското лидерство!“ – е називот на 5. панел дискусија во склоп на конферецијата „Профемина“ каде модераторка беше Славица Арсова, а свое учество зедоа следниве панелисти:Анета Пешева, основачка на групацијата Ултра-Унет, претседателка на УО на МАСИТ, почесен конзул на КанадаЕлена Димовска, раководителка на Одделот за корпоративни комуникации во „А1 Македонија“Ивана Николиќ, извршна менаџерка за развој во IWConnectКатерина Кајсторовска, единствената жена капетан пилот и инструктор на тип Боинг 737 во Македонија„Кога имате приватен бизнис треба сите работи да ги извршувате сами, а како да се стигне до лидерството? Јас имам едно правило – Жената може да биде рамноправна, само ако е финансиски слободна“, вели Анета Пешева и додаде: „Самодовербата кај жените треба да се подобри. Многу е важно една девојка да тргне по својот пат. Бизнисот се почнува затоа што тоа го сакате, а не за парите. Тоа потоа си доаѓа“, беше директна Пешева. Поврзани објавиЕлена Димовска пак, вели дека постојат три клучни фактори кои влијаат врз тоа колку жената сака да биде успешна.„Првиот фактор е семејството, да ве поддржуваат во одлуката, потоа партнерот во амбициите и да ве следи кон заедничкиот пат, како и компанијата во која работите, самите услови, дали се чувствувате загрозени“, вели раководителката на Одделот за корпоративни комуникации во „А1 Македонија“.„До каде со оваа амбиција“ – е нешто што често го слушала Ивана Николиќ, извршната менаџерка за развој во IWConnect, додавајќи дека никој не може да ни ја одземе самодовербата.„Ние не треба да ги гледаме работите како проблеми, туку потенцијални ситуации за решение и успех. Во Америка има се повеќе активистички подвизи и конференции за жените, отколку кај нас. Мојата цел е да ги охрабрам девојките да пристапат“, вели таа.Катерина Кајсторовска која е единствената жена капетан пилот и инструктор на тип Боинг 737 во Македонија вели дека е тешко да се биде прва жена пилот, како и тоа дека од таа позиција дури заборавила дека многу работи се тешки. Што се однесува до обрзованието кое го постигнала беше искрена и сподели:„Околу средно огромен стан е потребно да се одвојат средства за да се инвестира во знаењето и образованието“, вели таа и дополни:„Ако имате цел, нема да ви биде тешко, иако во машкиот свет е тешко да си жена“, заклучи таа.
Да ги подигнеме едрата на женското лидерство! – Убавина и здравје
94