Сопружниците се цел на критики
Информацијата дека Дарко Лазиќ третпат ќе стане татко, направи вистинска врева во јавноста. Тие првично ја споделија радосната вест само со најблиските членови на семејството и пријателите, а подоцна пејачката ја потврди таа информација.
Дарко Лазиќ на својот инстаграм-профил сподели видео и покажа како ужива додека бремената сопруга Катарина го вози, но многумина овој потег го коментираа како многу непромислен и премногу опуштен.
Додека Дарко ја снима целата ситуација, Катарина ги држи нивните миленици во скут, па токму затоа пејачот и неговата сопруга станаа цел на критики. Со оглед на тоа што штотуку објавија дека чекаат дете, никој не може да поверува дека таа така се доведува во опасност.
На снимката се слуша како Дарко вели:
Поврзани објави
На што личите вие двајца? Дали е ова реално? Дали сте двајцата реални? Мики, Цезар, што правите вие двајца таму? Страшно“, се слуша на видеото додека неговата сопруга одмавнува со главата.
Што мислите вие за потегот на идните родители?
Фото: Инстаграм