Пејачката сподели видео од опасно пребрзо возење и ја шокираше јавноста.
Пејачката Дара Бубамара повторно предизвика бура на социјалните мрежи откако објави видео на кое се гледа како дивее на автопат. Со својата луксузна кола таа возела со неверојатни 180 километри на час.
Иако дозволеното ограничување на тој пат е 120 километри на час, Дара без двоумење го прекршила правилото. На снимката таа дури делува задоволно и самоуверено, покажувајќи дека ѝ е повеќе забава отколку грижа за безбедноста.
Овој потег предизвика реакции кај јавноста, особено бидејќи станува збор за сериозно прекршување кое може да загрози животи. Наместо каење, пејачката изгледа горда на своето „насилничко возење“.
Поврзани објави
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
Инаку, Дара Бубамара наскоро ќе седне во жирито на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Таа веќе потпишала договор, па останува да се види дали ваквите постапки ќе влијаат на нејзиниот нов ангажман.
printskrin Youtube – RTV Pink Official dara bubamara