Почетна ТехнологијаДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА – прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА – прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

од nenad
1 минути читај за

СДММ од Прилеп обвинува дека градоначалникот на таа општина се подновил со нов службен автомобил од 65 илјади евра.

„Скандалите во режија на најслабиот градоначалник во Македонија и најнеспособниот во историјата на општина Прилеп, Борче Јовчески, немаат крај. Откако ги преспа трите години од четиригодишниот мандат, а градот го претвори во закрепостена паланка со раскопани и во мрак потонати улици, без срам и перде прилепскиот градоначалник се поднови со нов службен автомобил од 65.000 евра“, кажа на прес конференција Бојан Цветаноски, претседател на ЛК на СДММ Прилеп.

Од таму велат дека тој, „со својата постапка карактеристична за авторитарните владетели, покажал дека изгубил контакт со реалноста, и дека проблемите и потребите на граѓаните се неважни наспроти неговата желба за луксузирање со парите на прилепчани.  „Неодговорното и нестручно владеење на ДПМНЕ и Јовчески резултираше со зголемување на животните трошоци на граѓаните на Прилеп: поскапеа водата, комуналните услуги, данокот на имот, градскиот превоз“, велат од СДСМ.