Бред Пит уште еднаш нè воодушеви со својот изглед, овој пат го покажа своето голо тело и јасно дека Интернет „гори“.
Холивудскиот актер Бред Пит работи на својот најнов филм за Ф1, а фотографиите од еден сет брзо станаа вирални.
Бред со децении е тивок копнеж на многу жени, а по разводот со Анџелина Џоли среќата ја најде со помладата Инес де Рамон. Тој со својата најнова фотографија покажа дека ужива во љубовта, и во годините, бидејќи неодамна наполни 61 година.
На неа, актерот позира без кошула, покажувајќи ги своите издлабени стомачни мускули, како и тетоважите посветени на Анџелина Џоли и нивните деца.
Поврзани објави
Тетоважите на Пит имаат различно значење, пренесува Daily Mail. На неговата лева подлактица има француска фраза што се преведува како „животот е апсурден“. На своето тело носи и скица од најстарата мумија на светот Отиус. Под неа стои натписот Invictus (латински „непобедлив“), напишано со големи букви.
На телото ја има напишано и буквата А, како и датумот на раѓање на Анџелина.
Многумина беа воодушевени од оваа глетка бидејќи ретко го гледаме Бред Пит без кошула, па повеќето не ни знаеја дека актерот има толку многу тетоважи.