Почетна Убавина и здравјеДенес, се труди да остане трезна и да заработи за живот – Убавина и здравје

Денес, се труди да остане трезна и да заработи за живот – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кендра некогаш била во центарот на вниманието поради контроверзната врска со Хју Хефнер, а еве што прави денес и колку се има сменето

Кендра Вилкинсон е поранешна плејбој-зајачица и своевремено била една од ексклузивните девојки на Хју Хефнер. Сега има 39 години и споделила искрена порака, во која се фокусирала на стареењето и физичкиот изглед.

Кендра, која пораснала во Сан Диего, денес е мајка на две деца, на 15-годишниот син Хенк Јуниор и на 10-годишната ќерка Алија, кои ги добила со поранешниот сопруг, спортистот Хенк Баскет.

Еве што напишала во неодамнешната објава на Инстаграм:

„Да, се здебелив. Да, стареам. Да, не сум истата девојка од порано (плејбој-девојка), но конечно по подолг временски период се чувствувам добро и психички здраво.“

Па додала:

„За оние што ги мразат моите нови килограми и лицето од 40-години, ве молам сфатете дека конечно сум среќна, здрава и спокојна во животот. Оставете ме на мира и почитувајте го тоа што сум таму каде што сакам да бидам.“

Кендра се прославила како една од девојките на Хју Хефнер на почетокот од 2000-тите години и се појавувала во серијата за нивниот живот во плејбој-вилата што се емитувала на каналот Е!, со наслов The Girls Next Door.

Сега работи во областа на недвижнини и се појавуваше во серија на Discovery+ за својата работа со наслов „Кендра го продава Холивуд“ од 2021 до 2023 година.

Минатата година призна дека била ментално нестабилна додека ја снимала својата емисија за недвижнини:


Поврзани објави

„Малку ми е жал што ја снимив мојата последна емисија, бидејќи не бев баш подготвена. Бев психички падната и сè уште не бев подготвена да бидам пред камера“, објаснила таа.

Некогашната плејбој-девојка на 12 јуни ќе наполни 40 години.

Надитрувајќи ги критичарите, таа изјавила:

„Имам речиси 40 години и се чувствувам неверојатно. А за луѓето што го критикуваат моето пиење алкохол… Ве слушам и ќе обрнам внимание на тоа“, признала таа, па додала:

„Дефинитивно лошо е да се пие премногу, но знаете што следи во ЈУНИ… Шотови! Ве сакам“.

Меѓутоа, потоа станала сериозна и истакнала колку го цени тоа што го има.

„Ги ресетирам умот, телото и душата. Многу ги ценам моите деца и пријателите и многу сум благодарна за својата работа и за сите добри луѓе околу мене. Наредниве месеци ќе внимавам на тоа колку алкохол пијам и се радувам што ќе наполнам 40 години во јуни“.

Потоа, наивно додала:

„Можеби и ќе ја запознам љубовта на мојот живот лол.“

А како горда мајка напишала:

„Децата се моето сè. Се чувствувам прилично урамнотежено. Многу повеќе вежбам и готвам. Голф, работа. Без домашни помошнички или дадилки.“

ФОТО: Инстаграм @kendrawilkinson