Почетна Убавина и здравјеДали оваа методологија може да ги подобри вашата ментална и емоционална благосостојба? – Убавина и здравје

Дали оваа методологија може да ги подобри вашата ментална и емоционална благосостојба? – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Што прво ви доаѓа на ум кога ќе слушнете за коучинг во професионалниот живот? Дали замислувате дека со успешен коучинг може да добиете унапредување, да ги подобрите работните перформанси или да зачекорите на повисока позиција на работното место?

Иако ова се вообичаени цели, коучингот сепак има и друга битна улога затоа што значително може да го подобри вашето здравје и благосостојба. Коучинг-психолог, со експертиза за промена на однесувањето и управување со стресот, може да ве води низ секоја промена што ја барате, обезбедувајќи трајни подобрувања во вашиот живот, како на личен план, така и во вашата професионална сфера на работното место.

Холистички пристап кон благосостојба

Низ моето многугодишно искуство како коучинг-психолог, мојот етос има холистичка ориентација кога станува збор за човечката благосостојба. Тоа не е само отсуство на повреда или болест. Благосостојбата е всушност вистински човечки процут, психолошки и физички.

Секое расположение, сите емоции, мисли, однесувања и интерперсонални односи играат улога во вашата благосостојба. А коучингот е одличен начин да се балансираат емоциите, да се сменат однесувањето и лошите навики и да се подобрат врските со другите луѓе. Односно да преземете намерни чекори во саканиот правец.

Коучингот во една област од животот може позитивно да влијае на другите животни области. Вештините и увидите стекнати преку психолoшки коучинг може да се користат во различни контексти, а тоа особено се однесува на менталната и емоционална благосостојба.

Три клучни начини со кои коучинг-психологот може да ја подобри вашата психолошка резилиентност на работно место

  1. Коучинг и управување со стрес

Иако посакуваме модерното работно место да биде без стрес, тоа често не е. Стресот поврзан со работата значително влијае на менталното и физичкото здравје, што доведува до отсуство од работа, намалена продуктивност и висок обрт на вработени.

Клучните фактори што придонесуваат за стресот на работа вклучуваат недоволна поддршка од менаџерот, нејасна работна улога, микроменаџирање, организациски промени, нарушени колегијални односи и голем обем на работа. Низ сеансите со коучинг-психологот ќе ви биде овозможено да развиете вештини за ефикасно управување со овие стрес-фактори.

Ова вклучува учење когнитивни техники со кои се согледуваат работите низ различна призма, и управување со несакани негативни мисли и однесување. Toa вклучува и усвојување навики како што се: кратки паузи од работа на компјутер, физички вежби, давање приоритет на работните задачи, како и делегирање на работните задачи.

Стресот не мора да ви го нарушува здравјето и задоволството на работното место. Поддршката и екпертизата од коучинг-психологот секако може да ви помогне да ги идентификувате и здраво да управувате со сите стресори.

Поврзани објави

  1. Коучинг-стратегии за успешно справување со предизвиците

Секој работен ден носи свои предизвици на што честопати реагираме со зголемен стрес. Иако не можеме да ги контролираме сите случувања, можеме да контролираме како реагираме на нив. Тука доаѓаат стратегиите за справување.

Справувањето опфаќа сѐ што правиме за да се справиме со тешкотиите. Вообичаените стратегии како пиењето алкохол, пушењето, или прејадувањето може да обезбедат привремено олеснување, но тие често создаваат повеќе проблеми на долг рок. Овие неконструктивни стратегии со кои само привремено можете да си го подобрите расположението, не ги решаваат основните прашања, што често доведува до дополнителни компликации.

Работата со коучинг психологот ви помага да ги усовршите вашите стратегии за справување така што коучот ве води до идентификување и спроведување на одржливи методи и стекнување подобра контрола врз ситуациите со кои се соочувате.

  1. Коучинг за нови и здрави навики

Многумина од моите клиенти сакаат да направат нов почеток кога станува збор за нивната благосостојба – тие едноставно не знаат како да го направат тоа. Честопати самите запаѓаат во стапицa со тоa што имаат нереални цели кои се неодржливи или тешко се вклопуваат во нивната секојдневна рутина.

На пример, нереално рестриктивен режим на исxрана во обид да изгубите килограми пред летниот период може брзо да ве демотивира.

Или верувајќи дека нов почеток како на 1-ви јануари, ќе ви овозможи да го смените целиот свој живот за само неколку недели. За жал, тоа не e баш остварливо.

Ако сакате да ги подобрите секојдневните навики и рутини за благосостојба, со помош на коучинг-психологот ќе развиете нови вештини и здрави стратегии со кои се негуваат добрите навики дома и на работното место.

За возврат ќе се зголемат вашата само-ефикасност, самодоверба и расположение, овозможувајќи полесно да ги замените старите навики со нови. Воедно ќе се подобри вашата психолошка резилиентност кон стресорите на работно место, а со тоа и работната перформанса и продуктивност.

Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како психолошкиот коучинг може да ви помогне вам или на вашиот тим, погледнете на www.zanabusby.com или пишете ми на [email protected] за бесплатна консултација.