Во секоја врска постојат моменти на несигурност, но кога чувството дека не сте единствената во срцето на партнерот се јавува премногу често – тоа веќе не е љубомора, туку сериозен сигнал за тревога.
Постојаното споредување со поранешните партнери, емотивните реакции на нивниот живот или одржувањето близок контакт може да бидат знаци дека вашиот партнер сè уште не го оставил минатото зад себе.
1. Постојано споредување со бившата
Еден од најчестите и најочигледни знаци дека партнерот не ја надминал претходната врска е постојаното споредување.
Без разлика дали станува збор за навидум неважни спомени за заедничките места, хобија или реченици како: „Таа го правеше тоа вака“, овие моменти можеби изгледаат безопасно, но со текот на времето стануваат емоционално исцрпувачки.
Вака ве става во позиција на натпреварувач, што не ѝ одговара на ниту една здрава љубовна врска. Ако ова однесување трае, може да доведе до чувство на несигурност и инфериорност кај вас, што ја нарушува блискоста.
2. Преемотивна реакција на вестите за бившата
Сосема е нормално луѓето да имаат некаква реакција кога ќе слушнат нешто за поранешниот партнер – сепак, тој е дел од нивната историја. Но доколку вашиот партнер покажува невообичаено силни емоции – бес, тага, љубомора – кога ќе дознае дека поранешната има нов партнер или минува низ важен период, тоа може да значи дека емоционалната врска сè уште постои.
Овие реакции укажуваат на тоа дека не дошло до вистинско емотивно ослободување од минатото, а вашата врска може да страда поради тоа.
Поврзани објави
3. Одржување редовен контакт
Постои голема разлика меѓу учтив разговор и постојано одржување близок однос. Доколку партнерот редовно комуницира со бившата – преку пораки, повици или средби – тоа може да значи дека не ја завршил таа врска емоционално.
Без оглед на тоа како го нарекува тој контакт – „пријателство“, „навика“, „ништо посебно“ – ваквите односи лесно создаваат чувство на натпревар и недоверба во сегашната врска.
4. Идеализација на поранешната врска
Кога некој премногу често зборува за минатата врска во позитивен контекст, игнорирајќи ги реалните проблеми, тоа укажува на создавање идеализирана слика. Ова е особено ризично, бидејќи може да значи дека сегашната врска ја доживува како помалку вредна од онаа што одамна завршила.
Заборавањето на причините зошто таа врска не успеала и занемарувањето на нејзините негативни страни, само го отежнува процесот на емоционално откажување од минатото.
Фото: Pixabay