Почетна Убавина и здравјеДали би се осмелиле да пробате вакво нешто? – Убавина и здравје

Дали би се осмелиле да пробате вакво нешто? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви споделуваме листа од петте најлоши јадења на светот

Патувачкиот и гастрономски веб-сајт Taste Atlas направил анализа на најдобрите и најлошите јадења меѓу своите корисници. Од 600 илјади рецензии, тие ги одбрале 100-те најлошо оценети јадења, а ова се петте јадења со најниски оценки.

1. Блодпалт

Најлошото јадење на светот според корисниците на Taste Atlas е блодпалт, со оценка 1,6. Ова е јадење од северна Европа, Лапонија. Овие финско-шведски кнедли се прават од ржано или јачменово брашно, измешано со животинска крв – некогаш се додавало крв од ирвас, но денес најчесто се користи свинска крв. Понекогаш, овие крвави кнедли се полнат со динстани печурки и сланина и се готват во чорба од месо. Најчесто се служат како прилог со џем од брусница.

2. Сендвич со сардини

На второ место на листата на најлоши јадења се нашол шпанскиот сендвич bocadillo de sardinas, кој има оценка 1,9 од 5. Станува збор за сендвич кој најчесто се прави од долгнавест леб, bara de pan, полнет со сардини. Може да се користат сардини во масло, во саламура или во доматен сос. Во сендвичот може да се додадат и варени јајца, авокадо, маслинки, мајонез, сенф, јогурт, печурки и други слични додатоци.

3. Калскрове


Поврзани објави

По шпанскиот сендвич следи шведското јадење calskrove. Тоа е калцоне полнето со хамбургер и пржени компири – изум на ресторанот Tre Krones во Шелефтео за луѓето кои не можат да одлучат дали да нарачаат пица или хамбургер по ноќ исполнета со алкохол.

4. Ангулас а ла кацуела

Angulas a la cazuela е традиционално јадење од Баскија, а содржи ретка состојка – млади јагули кои се динстаат во маслиново масло со лук, чили и сол во посебен сад, наречен кацуела.

5. Желе од јагули

Јагулите се петтото најлошо јадење според корисниците на Taste Atlas. Станува збор за еден вид чорба од јагули, која потекнува од Англија и се приготвува од 18. век. Ова јадење некогаш било многу евтино. Јагулите се ловеле во Темза, се сечкале на помали парчиња, се вареле во лонец со зачини, а потоа се ладеле и се послужувале. Денес се приготвуваат со желатин и се зачинуваат со бел бибер и оцет.

ФОТО: Taste Atlas