Почетна Убавина и здравјеДали би го носеле овој летен хит? Најпознатата мајка на светот го обожава!

Дали би го носеле овој летен хит? Најпознатата мајка на светот го обожава!

од nenad
1 минути читај за

Ова парче ќе биде вистински хит летово поради својата елеганција и комфор

Најпознатата мајка на светот Крис Џенер облекла парче што се чини дека ќе стане хит меѓу познатите личности.

Ѕвездите почнаа сè почесто да носат пижама-костим во јавност, а првата што почна да го применува овој стил беше модната икона Блејк Лајвли.

Крис Џенер била фотографирана како излегува од хотел во Париз во пижама-костим на брендот „Шанел“. По излегувањето од хотелот, таа се упатила кон продавницата за накит „Шопар“, каде што поминала многу време. Позната по својот љубов кон „Шанел“, Крис уште еднаш го покажала својот уникатен моден вкус.

Поврзани објави

Крис изгледала прекрасно во својот костим, кој целиот бил покриен со цветен дезен, на којшто суптилно се гледало лого.

Покрај тоа, нејзината комбинација била надополнета со прекрасна чанта на „Шанел“ со лого во розова боја, која одлично се вклопила со цветниот дезен.

Крис не можела да одбере поубав пар очила за сонце, бидејќи изгледала како вистинска дива која остава гламурозен и елегантен печат.

Оваа комбинација е многу лесна за носење, поради материјалот од кој е направена. Комфор и елеганција во едно, совршена комбинација што ве охрабруваме да ја носите ова лето.