Дадо Полумента го кажа своето мислење за Јелена Карлеуша…
Пејачката Јелена Карлеуша на сцената е речиси 30 години, а во текот на нејзината повеќедецениска кариера честопати беше оспоруван нејзиниот талент.
Сакале или не, факт е дека Карлеуша ја промени регионалната шоубизнис сцена и дека се издвојува од останатите не само по бројните хитови, туку и по нејзините настапи и стајлинзи кои се прераскажуваат и се инспирација за светските ѕвезди.
Пејачот Дадо Полумента ја коментираше Јелена и им се обрати на оние кои ја омаловажуваат нејзината работа и достигнувања:
Сите вие што сега плукате по Карлеуша… Пријатели, зошто да ја плукате таа што го измисли шоу бизнисот. Не само овде, туку и за светската сцена. Ја копираат сите светски ѕвезди, Бијонсе, Ким Кардашијан, Лејди Гага…“ – изјави Дадо.
Поврзани објави
Пејачката веднаш се огласи на својот Инстаграм профил:
Фала Дадо, какви зборови… Само нека навредуваат и напаѓаат. За мене една ваква изјава вреди повеќе од милион нивни“.
Фото: Инстаграм и pexels
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: