Почетна ЕкономијаГрчките земјоделци го блокираа четири часа граничниот премин Евзони за сите возила

Грчките земјоделци го блокираа четири часа граничниот премин Евзони за сите возила

од nenad
1 минути читај за

Од 11 часот по локално време, сообраќајот кон Република Македонија на граничниот премин Евзони е во прекин за сите видови возила, поради протестите на грчките земјоделци. Оваа ситуација, според извештаите од Атина, се очекува да трае до 15 часот по наше време.

Земјоделците од северниот дел на Грција, кои ги паркираа своите машини на грчка територија уште од почетокот на декември, и покрај поканата за средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одбија да учествуваат на истиот. Тие продолжуваат со своите протести и блокади.

Не се исклучува можноста граничниот премин Евзони да биде блокиран и во вечерните часови, по 19 часот по локално време.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од 19 часот по локално време, граничниот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за товарни возила во период од четири часа. Во наредниот временски интервал, од 20 до 22 часот, блокадата ќе ги опфати и патничките автомобили.

Како што претходно беше објавено, земјоделци од над 55 групи синоќа донесоа одлука да не се појават на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тие сметаат дека ограничувањата од страна на владата за бројот на учесници го нарушуваат процесот на дијалог и планираат да ги интензивираат своите протестни активности.

Премиерот Мицотакис денеска ќе се сретне со претставници на само 14 земјоделски групи, кои уште од минатиот месец се дистанцираа од останатите и изразија желба за разговор со Владата.