На социјалните мрежи кружи фотографија направена изминатата недела на која се фотографирани главните претставници на таканаречената огнена група со познати ликови од македонското криминално подземје.
На фотографијата во центар и застанат е главниот наркобос во Грчец, Шеваљ Муареми кој на раме му се потпира на Изет Меџити поранешниоте градоначалник на Чаир и предводник на огнената група, другиот на чие раме се потпира Шеваљ е Блерим Беџети актуелен градоначалник на Сарај и поранешен министер за правда кој исто така е дел од огнената група.
Најлево на фотографијата со шефот на криминалното подземје во Скопје е Висар Ганиу актуелниот градоначалник на општина Чаир.
Долго време се шпекулира дека преку оддалечувањето од таканаречената огнена група, Али Ахмети и ДУИ се обидуваат да се дистанцираат од криминалните групи до кои се блиски фронтмените на групата, а оваа фотографија е само потврда за процесот.
Инаку Шеваљ требаше да биде главната мета на акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Планина, но истата пропадна бидејќи некој од малкуминатале кои имале детали за акцијата го предупредиле врвот на картелот од Грчец.
За Шеваљ потоа подолг период се шпекулираше дека е во бегство се додека не се појави оваа фотограија со огнените момци кои се обидуваат да го урнат Али Ахмети.
Да не заборавиме дека неодамна брутално беа убиени Јетон Кривањера – Жила и Енес Исени кои важат за исклучително блиски до Огнената група, но и дел од криминалната структура на Шеваљ.
Токму овој настан ја потврдува тезата за дистанцирањето на Ахмети од некогашните челници на ДУИ кои се во очигледна спрега со организираниот крминал.
