Почетна ЕкономијаГрците во Атина користат автомобили, такси или мотори во 60% од случаите за секојдневни движења

Грците во Атина користат автомобили, такси или мотори во 60% од случаите за секојдневни движења

од nenad
1 минути читај за

Според резултатите од анкета на јавното мислење спроведена од „Palmos Analysis“ за државната телевизија ЕРТ, шест од десет Грци во Атина користат автомобили, такси или мотоцикли за нивното секојдневно патување, иако сметаат дека сообраќајниот метеж во градот претставува значаен проблем. Ова го објави дописничката на МИА од Атина.

Анкетата беше извршена од 26 до 31 март и од 11 до 16 април 2025 година во Атина, Солун, Патра, Лариса и Ираклион на Крит, со вкупно 1.787 анкетирани лица. Дури 70 проценти од испитаниците изјавиле дека сообраќајот е „многу“ (38 проценти) или „доста“ (32 отсто) важен проблем во нивниот секојдневен живот.

За речиси девет од десет анкетирани, дополнителна тешкотија претставува и паркирањето. Кога станува збор за јавниот превоз, метрото е прв избор и на граѓаните во Солун и во Атина.

Во Солун, 60 проценти од анкетираните веруваат дека пуштањето во употреба на метрото во ноември минатата година придонело за ублажување на сообраќајниот метеж во градот. Како што велат тие: „отворањето на метрото во ноември минатата година, придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во градот“.

Во врска со предизвиците во јавниот превоз, граѓаните бараат “зголемување на фреквенцијата на линиите и намалувањето на времето на чекање на станиците”.