Една од целите за 2024та година беше : да започнеме дијалог со инвеститорите на станбени згради. На наше изненадување, добивме покана од @zsf_kom за да им го посетиме градилиштето во Општина Карпош и да кажеме што мислиме. Оваа локација предизвика многу бурни реакции кај професионалната и останатата јавност. Ние ќе напишеме што ние мислиме.
Ние сме за:
✅решавање на парцели како сеопшти ентитети каде што парцелата се третира како еден целосен систем, што во случајот е направено. На овој начин паркингот е решен под сите згради, наспроти да се решаваат зградичка по зградичка.
✅ кули, апсолутно ДА, подобро е да се оди во височина, отколку са се лепат мали зградички од 5-6 спрата
✅ станови со 2 ориентации
✅ станови кои имаат и ќе имаат непречен поглед
✅ квалитетно проектирани влезови, скалишни јадра,…
Инаку за потребите на паркирањето се направени 5 подземни нивоа на паркирање, изведено со шипови, што е за прв пат во Македонија, и ова е инженерски подвиг. Што може да се подобри и да се внимава :
✨ да се постави урбана опрема за сите жителите на станбените единици во непосредна близина на станбената зграда ✨ да се постават дрвја во саксии во делот кој ќе биде над подземен паркинг
Заклучно, и покрај тоа што многу наши колеги можеби нема да се согласат, сметаме дека проект од овој размер е поповолен за задоволување на станбените потреби, отколку градење на мини станбени зградички на принципот куќа зграда.