Жизел Бундшен била „уловена“ како одмора на јахта со новиот партнер Жоаким Валенте
Жизел Бундшен не живее според правилата, особено не според оние што налагаат дека новите мајки мораат да седат дома со своето бебе. Па така, славната манекенка била видена на јахта со новиот партнер Жоаким Валенте, како се сончаат и милуваат како вљубени гулапчиња.
Папараците ги „уловиле“ за време на најинтимните моменти, но се чини дека тие не им обрнале внимание.
Жизел пред еден месец го роди своето трето дете, син кого го крстила Ривер. За славната манекенка велат дека е жена која ја знае својата вредност и тоа го има докажано неколку пати.
Имено, таа со години беше во брак со славниот играч на американски фудбал Том Брејди. Тие добија две деца, Бенџамин во 2009 година и Вивиен во 2012 година.
Според сите стандарди, тие имале брак од соништата, Брејди заработувал неверојатни суми на пари, патувал, работел и го одржувал имиџот на најдобар американски спортист.
Во тој период, Жизел и понатаму била една од најбараните манекенки, мајка која постигнува сè.
Поврзани објави
Но се чини дека двојката била договорена Брејди да игра до одредена возраст, а потоа да се пензионира. Кога тој го прекршил договорот и одлучил да работи уште неколку години, Жизел одлучила да не го чека веќе. Тие се развеле спогодбени, а Жизел добила целосно старателство над децата.
Потоа, Жизел се преселила, почнала да тренира џиуџицу со своите деца, па го запознала згодниот тренер Жоаким.
Не поминала ни една година од нејзиниот развод, а двојката објавила дека чека дете. Жизел одлучила да продолжи со животот, па на 45 години го родила третото дете.
Том ѝ честитал, новиот партнер е луд по неа, таа има бебе дома – добила сè што посакувала онака како што го посакувала.
Тоа може да го направи само жена која знае што сака во животот.
Погледнете ги најновите фотографии од Жизел и нејзиниот сегашен партнер ТУКА.
ФОТО: Инстаграм