Почетна ТехнологијаСобранието ќе ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари

Собранието ќе ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари

од nenad
1 минути читај за

На денешната координација која се одржа во Сала на Влада во Собранието присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката  Бендевска и координаторите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Влада и генералната секретарка на Собранието.

Присутните консензуално се согласија дека имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.

   

Скопје, 24.03 2025