Table of Contents
Зевс се прослави со виралните видеа на кои излегува бос од луксузни автомобили и не прозборува
Илан Тобијан Зевс е француски адвокат и интернет-сензација. На Инстаграм е потпишан како Зевс, а интересно е што иако неговата содржина е екстремно гледана, никој му го нема слушнато гласот. Стекнал популарност снимајќи исти видеа постоја – излегува од луксузен автомобил, модерно, но лежерно облечен и оди опуштено, но со став и неретко бос! Одново и одново овие видеа стануваат вирални, собирајќи милионски прегледи.
Иако е Французин, маркантниот Илан Тобијан Зевс (53) неверојатно потсетува на грчки бог, па не е ни чудо што го носи тој прекар. Со атрактивниот изглед ги освојува жените, но го привлекува и вниманието на медиумите, а неговиот раскошен животен стил особено ги интригира следбениците.
Како станал познат?
Згодниот Зев долго го нарекуваа „најмистериозниот човек на Интернет“, не само затоа што никогаш ништо не зборува, туку и затоа што стана славен само затоа што е присутен на социјалните мрежи. Не испробувал бизарни трендови, не зборувал за себе, не танцувал ниту пеел, не јадел огромни количества на храна, а сепак, привлече илјадници следбеници.
Многумина се љубопитни – од каде му се сите тие пари? Бидејќи сите тие ретки, луксузни автомобили од видеата, на кои како да им нема крај, се лично негови. Покрај тоа, Зевс поседува и приватен хеликоптер, јахта со вежбалница и базен, неколку величествени недвижнини ширум светот уредени со мебел кој вреди милиони долари.
Поврзани објави
Како Зевс се збогатил толку многу?
Иако изгледа како да има прилично удобен живот, без многу обврски, што можеби и сега навистина е така, мистериозниот Илан подолго од 20 години работел како адвокат во областа на недвижнини и станал еден од најплатените експерти во таа сфера. Со текот на времето почнал да заработува пари на уште неколку други начини – како агент за луксузни недвижнини, модел и актер. Се појавил во неколку помалку познати филмови, но имал и епизодни улоги во блокбастери како што се „Кодот на Да Винчи“, „Игра на тронови“ и „Казино Ројал“.
Многу ретко зборува или пишува за себе, но во една пригода им одговорил на следбениците на Инстаграм како дошол до толку пари.
„Многу работа, никогаш не се откажав“, кратко прокоментирал.
Никогаш не ѝ ја претставил сопругата на јавноста
Не е сосема јасно дали Тобијан е оженет или не, иако некои извори тврдат дека е во брак и дека има две деца. Никогаш не се изјаснил за својот статус, но редовно споделува видеа со Ребека Вос, па се претпоставува дека таа му е сопруга. Убавата бринета на Инстаграм е потпишана како Афродита, грчката божица на убавината, а во една пригода, Илан под нејзина фотографија напишал:
„Зад секој успешен маж стои успешна жена.“
ФОТО: Инстаграм