Редовното вежбање не е важно само за кондицијата – може да помогне во намалување на „лошиот“ LDL холестерол и да го намали ризикот за срцето и крвните садови.
Ако неодамна сте направиле крвни анализи, веројатно сте ја забележале вредноста на LDL холестеролот, познат како „лош“ холестерол. Д-р Скот Д. Џером објаснува дека неговиот вишок може да се таложи во артериите во форма на наслаги, со што со текот на времето се стеснуваат крвните садови и се зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.
Иако исхраната има важна улога во контролата на холестеролот, експертите посочуваат дека значајна разлика може да направи и редовната физичка активност. При вежбање, мускулите трошат повеќе енергија, а организмот станува поефикасен во користењето масти. Тоа може позитивно да влијае врз начинот на кој телото ги обработува мастите и холестеролот и да придонесе за пониско ниво на LDL.
Поврзани објави
Редовното движење може да ја подобри и чувствителноста на инсулин, контролата на шеќерот во крвта и воспалителните процеси поврзани со атеросклерозата. Д-р Алан Розански посочува дека LDL холестеролот и воспалението се поврзани со создавањето наслаги во артериите. Физичката активност може да придонесе и за повисоко ниво на HDL, односно „добриот“ холестерол, иако само неговото зголемување не гарантира подобро кардиоваскуларно здравје.
За најдобар ефект, д-р Али Совари препорачува комбинација од аеробни активности, како брзо одење, возење велосипед, пливање или трчање, и вежби за сила. Општата препорака е најмалку 150 минути умерена до поинтензивна аеробна активност неделно, плус два дена тренинг за сила. Корисни се и исхрана со помалку заситени масти и повеќе влакна, одржување здрава тежина, добар сон од седум до девет часа и избегнување тутун и никотин.
pexels