Британската пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа предизвика „бура“ од коментари, со објава на социјалните мрежи во која напиша дека „Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево за неа се Албанија“.
Коментарот на пејачката предизвика реакции на Инстаграм, а дел од коментарите се дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија, Црна Гора и Србија.
Поврзани објави
Како што реагираа поединци, пишувајќи во коментарите дека Дебар е во Македонија, Реџа возврати со пораката:„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене се е тоа моја Албанија“.
По нејзината изјава, пејачката предизвика бура на социјалните мрежи, најмногу кај балканските корисници на Инстаграм.
Сега, таа реши повторно да се обрати до јавноста. Па, преку инстаграм-приказна упати порака во која нагласи дека на Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв, а дека на неа не ѝ се важни националните граници.
„Албанците се соочија со наметнати граници, одвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв во различни земји. Меѓутоа, кога мислам на Албанците, националните граници не ми се толку важни. Мислам на нашиот прекрасен јазик, нашите традиции, нашата музика и танц и многу повеќе од тоа, заеднички елементи, кои не се ограничени со граници, јас сум длабоко вљубена во моите корени, горда што сум Албанка. Горда на секој Албанец кој сè уште живее на овие простори, како и на оние кои живеат во странство во Америка, Европа и остатокот од светот. Ве сакам сите“, напиша таа.