Пожарникарите на терен, но нема опасност за населените места
Голем пожар вечерва гори во пелагонискиот регион, во близина на Црна река, при што зафатено е стрниште и трска висока до три метри. Огнената стихија е видлива од Битола и Новаци, а на терен се пожарникарските екипи кои се обидуваат да спречат натамошно ширење.
Според командирот на Територијалната противпожарна единица Битола, Горан Димковски, пожарот избувнал од запалено стрниште и потоа се проширил на околната вегетација. Тој потврдува дека, иако пожарот е обемен, нема директна опасност за блиските населени места, бидејќи тие се на поголема оддалеченост.
Поврзани објави
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека екипите работат на локализација на пожарот, а ситуацијата се следи во реално време. Засега нема информации за евентуални штети врз земјоделските површини или стопанските објекти во регионот.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни со отворен оган, особено во сувите периоди, бидејќи неконтролираното палење на стрништа може да предизвика сериозни последици и големи материјални штети.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб