Почетна Убавина и здравје„Ги чував цел живот, а сега кога пораснаа, им пречам“ – Убавина и здравје

„Ги чував цел живот, а сега кога пораснаа, им пречам“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Својата одлука не ја донела набрзина, имала голема причина за тоа, а и луѓето ја поддржале

Приказната за бабата од Кина која целиот свој имот им го оставила на своите домашни миленици во тестаментот, предизвикала многу полемики на социјалните мрежи. Оваа необична одлука на старицата од Шангај, чие богатство било проценето на околу 2,5 милиони евра, не била избрзана  и имала свои јасни причини за тоа.

Која е причината за исклучувањето на децата од тестаментот?

Госпоѓата Лиу, сопственичка на значајно богатство, прво планирала сè што поседува да им го остави на своите деца. Но во текот на годините, нејзините односи со децата се влошиле, што на крајот довело до промена на нејзиниот тестамент. Имено, кога бабата Лиу се разболела, ниту едно од нејзините три деца не ја посетило ниту покажало интерес за нејзината здравствена состојба.

„Кога се разболев и паднав на постела, ми кажаа дека сум им товар, а целиот живот вложував во тие деца. Сега поминуваат и по неколку месеци без да се сетат да ми се јават.“


Поврзани објави

Освен што физички била далеку од нив, децата ретко ѝ покажувале и најосновна грижа, ретко ѝ се јавувале и не се интересирале за нејзиното здравје. Со оглед на тоа што се чувствувала запоставено и емоционално повредено, бабата Лиу одлучила да го пренасочи својот имот на оние што ѝ биле најблиски во најтешките мигови – нејзините домашни миленици.

Нејзината одлука привлекла внимание

Иако Лиу сакала парите директно да им ги остави на нејзините мачки и кучиња, законската рамка во Кина не дозволува таков вид на тестамент. Поради тоа, одлучила имотот да ѝ го префрли на локалната ветеринарска клиника, под услов средствата да бидат искористени за грижа за нејзините миленици и нивните потомци. Оваа одлука предизвикала бура од коментари на социјалните мрежи. Многумина го изразиле своето разбирање за нејзината одлука, додека други коментирале дека сигурно била многу повредена штом се одлучила за ваков потег.

„Ова е очаен потег на жена која се чувствувала изневерено од страна на своите најблиски“, напишал еден корисник на социјалните мрежи, додека други ја поддржале:

„Ако моите деца не ме почитуваат и не се грижат за мене, ќе го направам истото!“