Почетна Убавина и здравјеГи прочистуваат маснотиите и ги исфрлаат токсините – Убавина и здравје

Ги прочистуваат маснотиите и ги исфрлаат токсините – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овие моќни намирници му помагаат на црниот дроб природно да се прочисти, да ги исфрли токсините и разгради маснотиите

Храната богата со влакна и антиоксиданси може да помогне за детоксикација на црниот дроб. Таа го поттикнува исфрлањето на токсините, разградбата на масните и непреченото функционирање на овој важен орган. Затоа, вклучете ги следниве намирници во вашата секојдневна исхрана…

Сок од цвекло

Цвеклото е богато со влакна, железо, фолати и антиоксиданси, кои помагаат во борбата против воспаленијата и ги штитат клетките на црниот дроб од оштетувања. Истражување од 2023 година, објавено во списанието Frontiers in Nutrition, открило дека кај 180 луѓе со нелакохолен замастен црн дроб дошло до намалување на вишокот маснотии и до подобрување на функцијата на црниот дроб. Тие 12 недели пиеле сок од цвекло и се придржувале до медитеранска исхрана.

Крстест зеленчук

Зеленчукот како брокула, зелка, карфиол, кељ и прокељ е богат со влакна, витамин Ц и растителни соединенија кои помагаат да се исфрлат токсините. Нивната редовна консумација може да го заштити црниот дроб од воспаленија и болести.

Овошје

Овошјата како грејпфрут, зрнесто овошје, грозје, јаболка, агруми и калинка е се богати со антиоксиданси и влакна. Агрумите особено ја поттикнуваат детоксикацијата на црниот дроб, така што ја зголемуваат активноста на неговите ензими.

Кафе

Кафето не е само за будење, добро е и за црниот дроб. Богато е со антиоксиданси кои ги намалуваат воспаленијата. Според истражување од магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics, редовното консумирање 1-2 шолји кафе дневно го намалува ризикот од цироза, особено кај луѓе со хронични заболувања на црниот дроб.


Поврзани објави

Овесна каша

Овесната каша е полна со бета-глукан – влакна кои ги намалуваат маснотиите во црниот дроб, воспаленијата и го зајакнуваат имунитетот. Одбирајте интегрална овесна каша, а не инстант-варијанти и додајте јаткасти плодови или овошје за дополнителна хранливост.

Масна риба

Лососот, сардините и скушата се богати со омега-3 масни киселини кои ги намалуваат воспаленијата и нивото на триглицериди. Истражувањата покажале дека омега-3 масните киселини помагаат во намалувањето на маснотиите кај луѓе со неалкохолен замастен црн дроб или неалкохолен стеатохепатитис. Препорака: два пати неделно.

Зачини и лековити билки

Природните состојки како алое вера со векови се користат за здравјето на црниот дроб. Алое верата помага да се исфрлат токсините, а куркумата и лукот исто така нудат свои придобивки – куркуминот ги ублажува воспаленијата, а сулфурните соединенија од лукот ги активираат ензимите за детоксикација.

Зелен чај

Зелениот чај содржи моќни антиоксиданси, катехини, кои ги намалуваат маснотиите и воспаленијата во црниот дроб, а може да го подобрат и ензимскиот статус. За максимален ефект, одбирајте свежо сварен чај, без додаден шеќер.

Маслиново масло

Познато е по придобивките за срцето, но маслиновото масло е драгоцено и за црниот дроб. Здравите масти во него ги намалуваат воспаленијата и ја поттикнуваат нормалната функција на црниот дроб. Истражување од 2018 година покажало дека медитеранската исхрана богата со маслиново масло го намалува ризикот од замастен црн дроб, особено кај постари лица.