– Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир.
Единствената работа којашто можам да додадам, нагласи тој, дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така да јас навистина се надевам дека С. Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат.