Почетна Убавина и здравјеГеоргина Родригез се фали, луѓето беснеат, а коментарите „фрчат“ – Убавина и здравје

Георгина Родригез се фали, луѓето беснеат, а коментарите „фрчат“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Георгина Родригез можеби е најкритикуваната личност на Инстаграм

Георгина Родригез за себе вели дека е скромна девојка, која се пробила до врвот благодарение на трудот и напорната работа. Но тој став не го делат нејзините сонародници, кои сметаат дека таа се „занела“ во моментот кога дошла до парите на Кристијано Роналдо .

Со желба да покаже дека таа е „обична девојка од народот“, Георгина почна да снима документарец со наслов „Јас сум Георгина“, кој се прикажува на Нетфликс.

Сепак, наместо да им го смени ставот на луѓето, таа само покажа дека има толку пари што не знае што да им прави, па ги троши на скап накит и часовници со кои парадира наоколу.

Таа неодамна објави фотографија на која стои со Кристијано Роналдо во ходникот на нивната вила во Мадрид. Облечена во тексас-шорцеви и во беж кратка маичка, со скапоцен накит и уште поскапоцена чанта, Георгина задоволно се смешкала.


Поврзани објави

Коментарите под објавата се повеќе од огорчени. Луѓето ѝ пишуваат:

„Можеби си замина од селото, ама селото си нема заминато од тебе“, „Девојка со многу пари, а нула стил…“

Сепак, Георгина е свесна за овие коментари и тие не допираат до неа. Дури и приказните дека се здебелила не ѝ пречат. Кога дизајнерите прават фустан за неа, таа им нагласува да го прошират со објаснување дека веќе нема става како на девојче.

„Можеби сум фит, но истовремено сум и дебела“, вели таа во едно од нејзините вирални ТикТок-видеа, на кои покажува како вежба, но и како ужива во гурмански оброци.

Што мислите вие? Дали луѓето се во право или сметате дека Георгина воопшто не претерува со своите објави?

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @georginagio