Почетна ЕкономијаГаши и Бурита: Разговор за унапредување на односите со Мароко, економијата и туризмот во фокус

Гаши и Бурита: Разговор за унапредување на односите со Мароко, економијата и туризмот во фокус

од nenad
1 минути читај за

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Насер Бурита, министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко.

Според информациите од собраниската прес-служба, средбата беше „продолжение на пријателскиот дијалог меѓу двете земји, со фокус на унапредување на институционалната и севкупната билатерална соработка“.

Гаши ја потврди желбата на Северна Македонија за укинување на визите со Мароко, како мерка за олеснување на комуникацијата, стопанската размена и патувањата, „особено нагласувајќи ги можностите за соработка во областите на економијата, земјоделството, туризмот, енергетиката, образованието и младинската размена“.

Министерот Бурита, од своја страна, ја изрази подготвеноста на Кралството Мароко да ги зајакне односите, посебно фокусирајќи се на економската соработка, туризмот и парламентарната дипломатија, стои во соопштението на Собранието.

За време на средбата, беше изразена посветеност за создавање група за парламентарна соработка помеѓу Северна Македонија и земјите од Северна Африка, „како трајна парламентарна платформа за дијалог и заеднички иницијативи“.

„Соговорниците ја оценија средбата како значаен чекор во јакнењето на билатералните односи и отворање ново поглавје во пријателството меѓу Република Северна Македонија и Кралството Мароко“, се додава во извештајот.