14
Втора шанса во љубовта : Што да промениме за овојпат да успее врската
Објавено на 08/29/2025
Ако врската не ни дала резултат претходниот пат, еве неколку предлози како да ги зголемиме шансите сега:
Да го оставиме минатото назад
Ако сакаме да и дадеме на врската втора шанса и навистина се надеваме овој пат на подобро, не можеме да си ги дозволиме проблемите од минатото да ни попречат. Ако не можеме да го направиме ова, тогаш нема како да се започне на чисто, но ако имаме искрена желба да го оставиме минатото наназад, навистина треба да дадеме се од себе и да го избегнуваме искушението да ги отвориме старите рани.