Од моментот кога Азис ја објави веста за дуетот со Теа и двајцата добија стотици пораки…
Девет дена пред нејзината прва од двете белградски арени, Теа Таировиќ го „потресе“ Интернетот објавувајќи дуетска песна со најголемата бугарска ѕвезда Азис!
Соработката се чуваше во строга тајна до пред неколку дена, кога Азис ја објави соработката. Неговиот моќен глас и изглед совршено се споија со сè што има да понуди Теа.
Од моментот кога Азис ја објави веста за дуетот со Теа и двајцата добија стотици пораки со едно прашање – дали ќе се појави како гостин на нејзините претстојни концерти во Белградска Арена на 21 и 22 септември, но ниту еден од нив до сега не сакаа да зборуваат за тоа.
Поврзани објави
Да потсетиме, Теа потврди само три гости – Војаж, Нуциј и Сања Вучиќ, додека пред неколку дена гостуваше на Радио-телевизија Србија.
Во видеото подолу погледнете го спотот за песната „Катастрофа“ во изведба на Теа Таировиќ и Азис:
Фото: Instagram и printskrin Youtube
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: