Епископот Делчевко-Каменички, владиката Марко беше гостин во новото издание на емисијата „Стадион“. Тој даде одговор на многу прашања кои ги мачат верниците, како што е- како може финансиски најмалата епархија да опстои, кога е правилно да се славо Божиќ, по грегоријанскиот или јулијанскиот календар, дали треба да се палат огнови за Бадник, но и кога е правилно да се крши лепче или пита со паричка, за Бадник или за Василица.
-Година и нешто како сум епископ, тука спаѓаат Делчево и Каменица. Две градски цркви, во Делчево има уште една црква,покрај големата „Св. Кирил и Методи“, има помала која е планирана да биде крстилница, но како се уште не е готова „Св. Кирил и Методи“, тука служиме литургија во „Пресвета Богородица“ во неделите, а за празниците во Богородица. Има околу 15.000 жители во двете општини, луѓето се иселуваат и таа бројка не е константна. Кога има празници ќе се наполни со луѓе, но потоа е празно. Но, се снаоѓаме, од странство донираат за црквата, рече владиката и додаде:
-Манастирот Балаклија, веднаш над Делчево, каде треба да биде седиштето на епархијата се гради, се надвм зимава да го средиме за да може да се вселиме. Се надвеам дека за брзо же го направиме. Ќе видиме, како Господ ќе каже, рече владиката.