Почетна ЕкономијаВо тек е гласањето за кандидатите за Наградата за младинско учество

Во тек е гласањето за кандидатите за Наградата за младинско учество

од nenad
1 минути читај за

Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади (МТСПДМ) објави дека во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја врачуваат овогодишната Награда за младинско учество.

Како што е наведено во известувањето од Министерството, признанието се доделува во три области: -индивидуална област (млади на возраст 15-29), -област за неформални групи на млади (од најмалку 3 члена) и -област за младински здруженија, организации за млади и кровни младински здруженија.

-Наградата има цел да го идентификува и вреднува напорот на младите при решавање на различни општествени теми, наведуваат од Министерството.

Гласањето за предлозите се извршува на следниот линк: https://s. surveylegend. com/-OU-lKMhEN6mpDZGS3zZ . Крајниот рок за гласање е до 31 јули, тековната година.

вг/дма/Фото: МТСПДМ .