Почетна ЕкономијаВо сообраќајка кај Горно Косоврасти тешко повредено едно лице

Во сообраќајка кај Горно Косоврасти тешко повредено едно лице

од nenad
1 минути читај за




Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: МИА
Во сообраќајка која се случила вчера на патот кон дебарското село Горно Косоврасти, тешко повредено е едно лице.
„На 29.11.2023 во 07.25 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на локалниот пат за село Горно Косоврасти, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген кенди” со дебарски регистарски ознаки, управувано од И.М.(27) од Дебар и патничко возило „фолксваген поло” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.К.(53) од село Горно Косоврасти, дебарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Р.(37) од село Горно Косоврасти, сопатник во возилото „поло”, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид“, информираат од МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.