100
Седум војници се повредени денеска во експлозија на муниција од Втората светска војна на територијата на Академијата за воени комуникации во Санкт Петербург, именувана по маршалот на Советскиот Сојуз С.
М. Буџоно, соопшти прес-службата на воениот округ во тој град.
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила при чистење на подрумот, при истовар на ѓубре во контејнерот, кога детонирала муниција од Втората светска војна, пренесуваат руските медиуми.
Сите повредени се пренесени во медицинската установа на Министерството за одбрана на Русија. рп/Фото: МИА архива .
Извор: МИА